Руската вселенска агенција Роскосмос минатата недела соопшти дека се согласила да ги обезбеди снимките откако тоа го побарал либанскиот претседател Мишел Аун.
– На барање на либанската Влада, денеска ги предадовме материјалите подготвени од Роскосмос … сателитски снимки и се надеваме дека тие ќе помогнат да се испита причината за овој инцидент. Ова прашање сега привлекува доста сериозно внимание во Либан и се надеваме може да се реши, изјави Лавров.
Во експлозијата, една од најголемите ненуклеарни експлозии во светот, загинаа повеќе од 215 луѓе, илјадници беа повредени и уништи голем дел од Бејрут. Тоа се случи на 4 август 2020 година. Истрагата сè уште е во тек.
Лавров рече дека разговарал и со либанскиот колега Абдала Бу Хабиб за можно учество на руски компании во обновата на инфраструктурата уништена во експлозијата.