Во интервју за германскиот весник „Ди Велт“, Чижов рече дека Русија ги поддржува луѓето кои зборуваат руски и сонародниците кои живеат во други земји, но додаде дека Москва никогаш не кажала дека сака да користи воени средства за тоа.
-Русија не планира напад врз ниту една земја. Ве уверувам дека руските трупи во моментов не се подготвуваат за инвазија на Украина, рече Чижов. Рускиот претседател Владимир Путин изјави во вторникот дека Русија нема простор за повлекување во конфликтот со САД околу Украина и дека ќе биде принудена остро да одговори доколку Западот не се откаже од својата „агресивна линија“.