Централната изборна комисија на Русија го одредила датумот за локални избори во четири украински региони, за кои Москва тврди дека ги припоила. Изборите би се одржале на 10 септември, што се совпаѓа со гласовите во другите руски општини, објави државната новинска агенција РИА, а пренесе Ројтерс.
Новинската агенција ТАСС ја цитира шефицата за спроведување на изборите, Ела Памфилова, која вели дека руското Министерство за одбрана и Федералната служба за безбедност (ФСБ) сметаат дека е можно изборите да се одржат во септември.
Русија не ги контролира целосно регионите Донецк, Луханск, Запорижја и Херсон во источна и јужна Украина. Борбите се во тек во сите четири региони, но сепак се планира во септември да се одржат избори.
Русија ги прогласи тие региони како дел од својата територија, откако лани во септември спроведе референдуми во окупираните области на Украина, кои официјален Киев и Западот ги прогласија за нелегални.