Шефот на рускиот центар за управување со одбраната Михаил Мизинцев изјави дека руските сили ќе им дадат можност на националистите денеска да го напуштат Мариупол без оружје преку хуманитарните коридори од 10 до 12 часот по московско време.

– В понеделник од десет часот наутро ќе бидат отворени хуманитарните коридори од Мариупол во источниот и западниот правец, изјави синоќа Мизинчев.

Тој додаде дека „околу 130.000 цивили, меѓу кои 184 странци од шест земји, се уште се држат како заложници во градот“.

„Украинските вооружени единици и странските платеници ќе можат да го напуштат градот без оружје и муниција на рутата договорена со Украина од 10 до 12 часот по московско време“, рече Мизинцев, додавајќи дека хуманитарните конвои треба да пристигнат во градот од 12 часот напладне.