Русија денеска ги повика САД да го ослободат Мадуро
Русија денеска ги повика Соединетите Американски Држави да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението се истакнува:
„Во услови на потврдените извештаи дека претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга се наоѓаат во САД, силно ги повикуваме американските власти да ја разгледаат ситуацијата и да го ослободат легално избраниот претседател на една суверена држава и неговата сопруга.“
Киев ја поддржа операцијата
Од друга страна, украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја поддржа американската акција. Тој нагласи дека Украина доследно го брани правото на народите на слободен живот, без диктатура, угнетување и кршење на човековите права.
„Режимот на Мадуро ги прекрши сите овие принципи во секој поглед“, рече Сибиха. Тој додаде дека Украина се залага за понатамошен развој во согласност со принципите на меѓународното право, давајќи приоритет на демократијата, човековите права и интересите на Венецуелците.
