Според планот за евакуација на руската армија, четири транспортни авиони треба да превезат над 500 руски државјани и државјани на земјите на Организацијата за договор за колективна безбедност, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, како и Украина, пренесува агенцијата ТАСС.

Четири авиони за таа цел се групирани и чекаат дополнителни упатства во Улјановск, а секој авион е опремен со медицински персонал и материјали за да ја обезбеди потребната медицинска помош за време на летот, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.