Гувернерот на Миколаев Виталиј Ким на Телеграм соопшти дека во текот на ноќта во неговиот регион Украина соборила 12 проектили и девет дронови камикази Шахед-136.
Тој и пред неколку минути соопшти дека е активирана тревога за воздушни напади.
Ким не соопшти за евентуални жртви.
Помошникот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, на Телеграм предупреди дека денеска се можни вонредни прекини на струја за да се стабилизира снабдувањето, по вчерашните руски напади врз енергетската инфраструктура. Тимошенко ги наведе регионите Волин, Житомир, Лавов, Суми, Тернопил, Харков и Хмелницки како области каде комуналните услуги сè уште не се целосно вратени на целото население.