Русија прогласи за персона нон грата 40 германски дипломати.

Германскиот амбасадор Геза Андреас фон Геир денеска бил повикан во руското МНР, пренесе Бгнес. Таму му било изразени незадоволство поради протерувањето на руски дипломати и му било соопштено дека Москва, како одговор, прогласила за персона нон грата 40 вработени во германската амбасада во Русија.

Во март и април речиси сите земји од Европската унија протераа руски дипломати и технички персонал.