Русија регистрираше 16.343 нови случаи на инфекција со коронавирус во претходните 24 часа, што е најниско од 17 јуни 2021 година, соопшти денеска Федералниот антикризен центар.
Бројот на починати од Ковид 19 во овој период е зголемен за 835, на вкупно 311.353. Во земјава во моментов има 694.880 активни случаи на ковид 19.
Според последните податоци, процентот на лица кои биле отпуштени од болниците по лекување се зголемил на 90,5 отсто. Стапката на смртност во моментов е 2,95 отсто.