Украинските сили ги нападнаа руските позиции во близина на градот Соледар, во таканаречената Доњецка Народна Република во источна Украина, со забранета хемиска муниција, соопштија проруските власти.
„Украинските вооружени формации пукаа со хемиска муниција на нашите позиции кај Соледар. Кога се детонираат, испуштаат иритирачки чад што предизвикува горење на кожата, а луѓето губат свест кога го вдишуваат“, изјави за Тас Андреј Марочко, потполковник на Народната милиција на Народна Република Луганск, повикувајќи се на извори од линијата на фронтот.
Марочко истакна дека специјалците на руските сили за радијација, хемиска и биолошка одбрана во моментов го утврдуваат видот на отровот што украинските војници го користеле во нападот, пренесува Танјуг.