Во текот на ноќта, руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните воздушни сили собориле проектил лансиран од Украина над полуостровот Крим. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 17 беспилотни летала во текот на ноќта во обид да ги нападне северните, централните и западните региони на Украина, пренесува Ројтерс.

Воздухопловните сили соопштија дека биле соборени 15 беспилотни летала Шахед од иранско производство. Не е јасно што се случило со двата дрона кои не биле соборени.

Извештаите не можеа да бидат независно проверени и не се знае веднаш кон кои објекти и области биле насочени руските напади.