Русија го затвори својот воздушен простор, Москва ја прекина работата на 12 аеродроми на југот на земјата, откако почнаа воздушните напади врз Украина.
„Работата на аеродромите во Ростов (Платов), Краснодар (Пашковски), Анапа (Витјазево), Геленџик, Елиста, Ставропол, Белгород, Брјанск, Курск, Воронеж и Симферопол е привремено прекината“, соопшти Агенцијата за воздушен сообраќај.
Суспензијата важи до 2 март.