Кремљ ги цени напорите на Ватикан да помогне во решавањето на украинската криза, изјави портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков, потврдувајќи го пристигнувањето во Москва на папскиот пратеник за мировни преговори.

Високо ги цениме напорите и иницијативите на Ватикан и го поздравуваме стремежот на Папата да придонесе за крај на вооружениот конфликт“, рече Песков на редовниот брифинг. Тој рече дека советникот на Путин за надворешни работи ќе разговара со пратеникот, кардиналот Матео Зупи, на барање на Путин.

Ватикан соопшти дека Зупи денеска и утре ќе биде во главниот град на Русија. Целта на оваа иницијатива е да се поттикне чувството за хуманост што може да придонесе за решавање на моменталната трагична ситуација и да се изнајдат начини за постигнување праведен мир, се вели во соопштението на Ватикан.