Руската компанија „Новатек“ планира да се повлече од проектите во Црна Гора, најави нејзиниот директор Леонид Михељсон. Во март минатата година, конзорциумот на компаниите „Ени“ (Италија) и „Новатек“ започна со истражно дупчење нафта во морето кај Улцињ, за една година подоцна да објави дека нема нафта.

Поради непочитување на договорот со овој конзорциум и грчкиот „Енергеан“, се очекува Црна Гора да добие отштета од над 10 милиони евра.