По заземањето на градот Мелитополна, руските сили заплениле вредна земјоделска механизација и ја однеле главно во областа на Чеченија.

Сепак, како што обајви „Си-Ен-Ен“, машините не може да се употребуваат затоа што се управувани од далечина.

Станува збор за 27 земјоделски машини меѓу кои има и комбајни. Нивната вредност се проценува на околу 5 милиони долари.

Сепак, новите сопственици не можеле да ги користат откако машините биле далечински оневозможени, а уредите за следење ГПС покажуваат дека опремата сега се чува на земјоделски имот во близина на главниот град на Чеченија, Грозни.

Кога напаѓачите ги однесоа комбајните во Чеченија, сфатија дека не можат ниту да ги вклучат бидејќи беа заклучени на далечина – вели извор за „Си-Ен-Ен“.