Неодговорна е одлуката за носење американски артилериски системи во Украина, бидејќи тоа може да доведе до ескалација на конфликтот и непредвидливи последици, оцени руската Амбасада во САД.
-Главниот ризик е ескалација на конфликтот, во случај вооружените сили на Украина да ги користат тие системи за нанесување удари врз територијата на Руската Федерација. Тоа би можело да има бројни непредвидливи последици, се наведува во соопштението на амбасадата на Телеграм.
Амбасадата предупредува дека постои ризик, оружјето да падне в раце на екстремисти, терористи и банди, не само во Украина, туку и надвор од нејзините граници, пишува рускиот весник Известија.