Руската балтичка флота подготвува бројни воени вежби од големи размери.
За време на зимскиот период на обука, на полигоните на Балтичката флота се закажани неколку десетици големи маневри на различни нивоа, вклучувајќи оклопни и моторизирани вооружени единици, воздушна одбрана, радио, артилериски и извидувачки одреди, како и воздухопловни сили на флотата, соопшти прес-службата на флотата.
Балтичката флота е сместена во руската ексклава Калининград. Терминот за обука во вооружените сили почнува на 1 декември.
Балтичката флота, од 2016 година, вклучи поголема армиска единица со формирањето на 11-тиот армиски корпус. Неодамна се дозна дека овој корпус бил зајакнат со дополнителна моторизирана дивизија, пренесе ДПА.
Руската војска го оправда зајакнувањето со високото ниво на активност на НАТО на западните граници на Русија.
Калининград е опкружен со земјите од ЕУ, Полска и Литванија, и се наоѓа на повеќе од 1.000 километри од Москва во права линија, но само околу 500 километри од Берлин.