Шест руски воени бродови испловиле кон Црното Море од Средоземното Море поради планираните воени вежби.
Руска поморска оперативна група која се движи од Средоземното Море кон Црното Море на воени вежби, почна да транзитира по теснецот Босфор и Дарданелите, објави денеска руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.
Ваквата акција, како што беше соопштено, е дел од однапред планираното движење на воените ресурси, информира руското Министерство за одбрана.
Русија минатиот месец соопшти дека нејзината морнарица ќе спроведе сеопфатни вежби од Пацификот до Атлантикот, во кои ќе бидат вклучени сите нејзини флоти во јануари и февруари.