Руските воени сили разговарале за нуклеарен напад врз Германија неколку недели пред воената операција во Украина, дознава неделникот Der Spiegel .

Според Der Spiegel, западните разузнавачки агенции пресретнале радио комуникации на руската морнарица додека таа вршела вежби во Балтичкото Морена крајот на 2021 година.

Пораките се однесуваа на нуклеарен напад врз Германија, а како цели беа именувани Берлин и воздушните бази Рамштајн и Бухел. Германските и западните аналитичари имаат две теории за овој разговор.

Некои аналитичари тврдат дека е вообичаено да се разговара за употреба на стратешко оружје за време на вежби. Други веруваат дека руските вооружени сили, знаејќи дека се прислушувани, намерно ги именувале целите на нуклеарниот напад за да го заплашат Западот.