Украинската правобранителка Људмила Денисова денеска изјави дека руските сили во Буча силувале 25 жени и девојки. Таа додаде дека 25 девојки и жени побарале помош откако биле силувани од руските војници.

Вкупно 25 жени на возраст од 14 до 24 години беа силувани од руски војници. Тоа се случуваше еден месец. Ќе продолжиме да ги документираме овие страшни злосторства, за жал, и секој криминалец ќе биде казнет, наведе Денисова.

Таа додаде дека Украина има докази за „геноцид врз украинскиот народ“ и за воени злосторства, додавајќи дека силувањето е „новото оружје“ на руските сили.

Русија негира дека нејзините војници извршиле злосторства во Буча.