На 15 ноември 2022 година, вооружените сили на Руската Федерација изведоа уште едно долгочасовно масовно гранатирање на целата територија на Украина и нејзината критична инфраструктура, соопшти полското Министерство за надворешни работи.
Во 15 часот и 40 минути, проектил од руско производство падна врз селото Пжеводов, округ Хрубишов, провинцијата Лубелски, и резултираше со смрт на двајца државјани на Република Полска, се додава во официјалното соопштение.
Поради тоа, полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау го повика амбасадорот на Руската Федерација во полското МНР и побара итно и детално објаснување.