Се очекува уште 27 дипломати напуштат до 30 јуни.

-Се соочуваме со сериозен недостиг од персонал, кажа Антонов. Повеќе од 100 руски дипломати со семејствата се протерани од САД од 2016 година, кога обвинувањата на Вашингтон за наводно мешање на Москва во претседателските избори таа година ги нарушија американско-руските врски, пренесува Москоу тајмс.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно кажа дека очекува 55 руски дипломати и персонал да ги напуштат САД „во следните месеци“.

Американскиот Стејт департмент предупреди дека американската амбасада во Москва би можела да престане да ги врши повеќето функции во 2022.