Руските универзитети се исклучени од Болоњскиот процес, информираше заменик министерот за наука и високо образование, Дмитриј Афанасјев.

Болоњската група на 11 април соопшти за укинување на застапеноста на Русија и на Белорусија во сите поврзани структури, појасни Афанасјев, јавија руски медиуми.

– Со оглед на тоа што нашите ректори, раководители на образовни институции го потпишаа обраќањето на Рускиот сојуз на ректори за поддршка на претседателот во врска со специјалната воена операција, всушност со тоа, сите образовни организации во земјата се исклчучени од Болоњскиот процес. Јас би рекол дека Болоњскиот систем нè напушти нас, а не ние него, изјави заменик министерот.

Како што тој додаде, воведувањето основни и мастер програми, не го подобри нивото на компетентност на студентите.

До Болоњскиот процес дојде, откако министри за образование од 29 европски држави во Болоња во 1999 година потпишаа Болоњска декларација за реформи на системот на високото образование во Европа.