Авиони на руското воено воздухопловство извршиле напади врз 60 воени цели во Украина, притоа уништувајќи два ракетни силоси со боеви глави за тактички проектили от типот „Точка-У“, како и три командни и контролни пунктови на украинските воени сили. Тоа денеска го соопшти генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.
„Оперативно-тактичката и армиската авијација на руското воено воздухопловство погоди 60 воени локации во Украина. Уништени се две тактички ракетни боеви глави „Точка – У“ во областите Червонаја Полјана и Балаклее“ рече Конашенков.
Според него, погодени се и три контролни пунктови на украинските војници и 53 локации каде е забележано групирање непраијтелска жива воена сили и техника.
Покрај тоа, биле уништени и 13 утврдени позиции на единиците на украинските оружени сили.
„Во текот на ноќта со ракети со висока прецизност на на руските воздухопловни уништија 13 бази на украинските вооружени сили, како и места за концентрација на непријателска жива сила и воена опрема во населбите Славјанск, Барвенково и Попасна“. рече Конашенков.
Тој додаде дека со ракетни проектили и со напади на артилерија се гаѓани 1.260 воени позиции на украинските вооружени сили.