Руското обвинителство денеска побара 24 години затвор за истражувачкиот новинар Иван Сафранов, кој е обвинет за велепредавство.
Сафронов (32) уапсен е во јули 2020 година, а според новинарите неговото апсење е одмазда поради неговите текстови за пропустите или непријатните инциденти во руската армија.
Сафронов работеше за два руски национални дневни весници, Ведомости и Комерсант. Тој беше принуден да поднесе оставка од Комерсант во 2019 година, а во мај 2020 година стана советник на поранешниот директор на руската вселенска агенција Роскомскос, Дмитриј Рогозин.
Според руската безбедносна служба ФСБ, тој е осомничен за одавање на државни тајни за воена и техничка соработка, одбрана и безбедност на Русија на разузнавачката служба на земја членка на НАТО.
Сафронов претходно изјави дека не е виновен, додека Кремљ тврди дека неговото апсење не е поврзано со неговите новинарски активности.