Во изјава за Лидер, универзитетскиот професор, диполмат и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин, смета дека постои искрена намера од бугарска страна за решавање на разликите помеѓу Бугарија и Македонија. Ружин вели дека, не треба да се притиска, тука да им се остави простор на новите политички субјекти Ковачевски и Петков, да направат комисии од разни домени кои ќе ги релативизираат негативните аспекти од тоа што постоечката комисијата не можеше да ги договори. За Ружин шестте месеци се оптимален период за изнаоѓање на заемно прифатливо решение.

 

Лидер: Дали е реален предлогот на бугарскиот Премиер Петков и дали постои искрена намера и желба да се реши спорот помеѓу Македонија и Бугарија? Дали периодот од 6 месеци е предолг, премногу кус или оптимален?

-Мислам дека решението е оптимално, постојат искрени намери од бугарската страна.
А врз што се толкува мојата констатација?
Во науката за дипломатски преговарања постојат неколку правила, по кои секогаш се раководиме кога анализираме одредени дипломатски преговори и некои жешки прашања.
Прво: сега сме соочени со нови субјекти, значи не е повеќе Заев од оваа страна, ниту од таа страна е Борисов, односно Радев. Се сменија главните актери и смешно е во дипломатските преговори да потпишете нешто кога главните актери кои се бореле две години си заминале.Тогаш јавното мислење ќе смета дека го потпишале со никаква одговорност, со никаква историска , политика, енономска и итн одговорност.
Второ: им се пружа шанса на двајца нови ликови во односите меѓу Софија и Скопје, да се запознаат да разговараат и да се договорат околу отворените прашања.Така што мислам дека и Ковачевски и Петков ќе најдат заедничка солуција за ова, дотолку повеќе што зад нив стојат истите луѓе од министерствата за надворешни работи.
Трето е дека од пораката на бугарскиот Премиер сфативме дека тој не е заговореник на онаа стара претходна бугарска, околу историјата, што викаат србите “вадење мак на конац“ туку дека навистина настојува да се реши проблемот, бидејќи дал ветување пред меѓународната заедница.
Сите овие елементи, разбирливо беа дека беа поддржани од страна на Европската Унија, бидејќи меѓународните односи треба да ги направат од друг аспект а не од навивачки аспект.
Иако јас жалам што не е потпишано, и јас бев еден од тие кои сметаа дека ќе се потпише договорот. И нема простор навистина за правење притисок врз Бугарија во време кога еден Макрон си заминува и не се знаеме што ќе направи на избори иако е он еден од фаворитите на тие избори.

Мислам дека идејата да се направат комисии од разни домени ќе ги релативизира тие негативни аспекти од тоа што комисијата не можеше да го договори околу историцизмот, фашизмот, итн, итн.
И затоа убеден сум дека за шест месеци ќе имаме појасни сознанија и проблемот ќе биде разрешен, вели Нано Ружин во изјава за Лидер.