Бујар Османи против Изет Меџити во Чаир – изборна битка што може да го смени албанскиот политички пејзаж

Општина Чаир, срцето на албанскиот урбан идентитет во Скопје, би можела да стане арена на една од најжестоките политички конфронтации на претстојните локални избори. Според засега непотврдени, но од повеќе извори сериозни информации, во Чаир се подготвува директна изборна пресметка помеѓу двајца тешкаши на албанската политичка сцена – Бујар Османи од ДУИ и Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН.

Кандидатурата на Бујар Османи веќе е официјално потврдена. Со себе носи поддршка од најмоќната албанска партија ДУИ, дипломатска тежина и искуство од врвни функции во државата. Тука е и последната – министер за надворешни работи. Според аналитичарите, Османи ќе ја капитализира својата дипломатска мрежа и рејтингот од меѓународната сцена во обид да ја освои најчувствителната албанска општина.

ДУИ ги соопшти имињата за локалните избори: Со Бујар Османи ќе атакуваат за Чаир, а ќе дадат поддршка за Села и Таравари

Од друга страна, Изет Меџити сè уште официјално не излегол со кандидатура. Но, според партиски извори од ВЛЕН, неговото име речиси сигурно ќе се најде на гласачкото ливче. Враќањето во Чаир за Меџити би значело враќање на „домашен терен“ – токму таму каде што како поранешен градоначалник има изградено силен локален капитал. Тој сега ја извршува функцијата прв заменик премиер.

Над Чаир се надвиснува сенката на поширок судир

Изборната трка во Чаир, според аналитичари, нема да биде само локална. Таа може да биде тест за пошироката борба за превласт во албанскиот политички блок. Тензиите помеѓу ДУИ и новата опозициска коалиција ВЛЕН, кои кулминираа во последната парламентарна кампања, сега би се концентрирале во едно избирачко место со симболично и реално значење.

Меџити: ДУИ ја злоупотребува Данела, а Арсовска е антиалбански настроена

Во игра се два структурално силни табори, со своја инфраструктура, теренски активисти и мобилизирана изборна база. Победата во Чаир, според политичките стратези, ќе има ефект на домино врз албанскиот политички простор. Токму оваа победа ќе влијае врз внатрешната динамика на двете коалиции.

Најнабљудувана трка во 2025?

Изборната битка во Чаир ќе биде една од најжестоките, најнабљудуваните и можеби најодлучувачките во локалните избори. Чаир повеќе не е само општина – тој е политички термометар кој покажува каде се движи албанскиот глас во Македонија. Победата тука ќе значи не само локална власт, туку и легитимитет за водење на пошироки политички процеси.