Сè поголем интерес за имот кај јужниот сосед

Грција продолжува да биде сè попривлечна дестинација за инвестиции во недвижности, а интересот од страна на македонските граѓани и компании е во постојан пораст. Според податоците на Банката на Грција, во текот на 2024 година, македонските инвеститори вложиле вкупно 19 милиони евра, што ја позиционира Македонија на 25-то место во светот според износот на инвестиции во грчкиот пазар на недвижности.

Брз раст за само неколку години

Интересот значително се зголемил во изминатите неколку години. Во 2020 година македонските вложувања изнесувале само 2 милиони евра, а потоа континуирано растеле – 7 милиони во 2021, 10 милиони во 2022, и 11 милиони во 2023 година. Податоците за 2024 ја потврдуваат трендот на засилен интерес за грчкиот пазар.

Апартмани од 50 квадрати – најпосакувани избор

Најголем интерес македонските купувачи покажуваат за апартмани со површина од околу 50 квадратни метри, кои се сметаат за идеален избор за одмор, изнајмување или повремено користење.

Неофицијално, реалниот износ на вложувања со македонско потекло е уште поголем, бидејќи дел од трансакциите се реализираат преку граѓани со ЕУ пасоши (најчесто бугарски) или офшор фирми регистрирани во даночни раеви.

Регионот активно купува – Бугарите, Кипраните и Турците предничат

Од балканскиот регион, најголем број купувачи доаѓаат од Бугарија, додека на европско ниво, водечки инвеститори се Кипарците и Турците, објави Блумберг Адриа.