Илјадници граѓани се заглавени до гуша во долгови поради подигање на брзи кредити.
Леснотијата со која тие се подигаат со покажување на лична карта заглавија многу граѓани, а секојдневно сме сведоци како полицијата известува за лажно подигање на вакви кредити преку манипулативно нивно подигање во туѓо име.
Во емисијата Детектор на Сител телевизија, Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи апелира граѓанните да внимаваат на условите под кои се земаат кредитите.
За брзите кредити Лончар, потенцираше дека надлежните треба да посветат повеќе внимание на начинот на кој тие се рекламираат пред граѓаните.
Инаку брзи кредити се издаваат во секој ќош низ Македонија, а премногу е лесно да подигнете и онлајн преку интернет.