Уште една работна сабота во кабинетот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевки. Ден посветен на граѓаните кои имаат некакво барање, проблем или изразиле желба да остварат средба со него.

Со повеќе од 70 граѓани тој раговараше телефонски, со дел лично се сретна. Барањата се евидентирани и веднаш ќе се пристапи кон нивно решавање. Ќе се работи до крај на денот, по потреба и во текот на утрешниот ден.

-Денес, од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив телефонски разговор со повеќе од 70 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле нивни контакт на службите во општината. Со оние кои имаа потреба од лична средба, веќе ја остваривме или ќе ја остваривме во текот на денешниот ден. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање.

Особено ме радува тоа што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што е сработено. Некои се дури и пријатно изненадени, велат дека во минатото не можеле никако да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен. Ќе останам тука цел ден, а ако има потреба и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе.На проблемите ќе им погледнеме во очи и директно ќе ги решаваме. Мојот народ мора да е задоволен-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Приемните денови се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.