Во Могила победи ВМРО-ДПМНЕ, победи вербата, упорноста и љубовта кон нашата општина, објави Драганчо Саботковски кандидатот и актуелен за градоначалник.
„Ви благодарам од срце, драги сограѓани, за укажаната доверба да бидам ваш градоначалник.
Благодарам на секој што излезе, оваа победа е и ваша -победа на народот и на вистинските вредности.
Ве поканувам вечерва на прослава пред општинската зграда во Могила.
Продолжуваме со уште поголема енергија и една цел — да ја направиме Могила поубава, поразвиена и подобра за живеење.
Од народот, за народот!“, објави Саботковски.
