„Ја номинирав Хрватска да ѝ се приклучи на Програмата за ослободување од визи. Овој чекор кон патување без визи го признава огромниот напредок на Хрватска во исполнувањето на строгите стандарди за земјите учеснички“, објави Блинкен на Твитер. Хрватскиот премиер Андреј Планковиќ на Твитер му се заблагодари на Блинкен за поканата.