САД и Саудиска Арабија ги повикаа завојуваните страни во Судан да го продолжат прекинот на огнот кој истекува утре.

Суданската армија и бунтовничките сили, кои се борат за контрола на Судан од средината на април, со посредство на САД и Саудијците се согласија на еднонеделен прекин на огнот минатата недела.

Сепак, овој прекин на огнот, како и оние пред него, не ги запре борбите во главниот град Картум и низ целата земја.

Во денешното заедничко соопштение, САД и Саудиска Арабија повикаа на продолжување на примирјето, кое истекува во понеделник во 21:45 часот по локално време.

„Иако примирјето не е целосно, неговото продолжување ќе ја олесни испораката на итно потребната хуманитарна помош за суданскиот народ“, се вели во соопштението.

Во него се повикува и воената влада на Судан и ривалските сили да го поддржат продолжувањето на преговорите за пролонгирање на примирјето.