Соединетите Американски Држави вратија повеќе од 250 антички артефакти во Италија, откако полицијата откри дека вредните предмети биле украдени.
Повеќето од артефактите биле украдени во 1990-тите, потоа продадени преку голем број дилери, а голем број предмети очигледно биле понудени на колекцијата на музејот Менил во Хјустон, Тексас, јавува Би-Би-Си.
Единицата за криминал против антиквитети на италијанската полиција открила дека вредните предмети биле ограбени и продадени на американски музеи и приватни колекционери во 1990-тите.
Меѓу скапоцените артефакти и археолошки предмети се насликани керамика, слики и скулптури – некои се стари околу 3.000 години, додека неколку мозаици се проценети на неколку десетици милиони евра.
Најстариот објект датира од периодот на античката виланова култура од железното време, која се развила на територијата на Северна и Централна Италија (1000 – 750 п.н.е.), додека останатите артефакти се остатоци од етрурската цивилизација (800 – 200 п.н.е. ), Античка Грција (750 – 400 п.н.е.) и на царски Рим (27 п.н.е. – 476 п.н.е.).
Министерството за култура на Италија претходно соопшти дека сите артефакти се изложени во колекцијата Менил на музејот во Тексас, но портпаролот на музејот го негираше тоа и рече дека тие никогаш не биле дел од колекцијата.