Шерман ја повикала Русија да обезбеди енергетска безбедност во Европа. Цените на природниот гас на континентот во изминатиот период драстично се зголемија поради малите резерви, намаленото снабдување од Русија, очекуваното заладување на времето и прекини во инфраструктурата.
Шерман и Фернандез ја повикале Русија да обезбеди фер третман на американските компании кои работат на рускиот пазар и да се намали загриженоста на САД околу руската трговска и инвестициска клима.
Џон Кери, специјален претставник на претседателот за климатски прашања одделно се сретнал со Оверчук и ги повторил своите повици Русија да направи посилни дејства во однос на запирање на климатските промени. Шерман укажала на руските ветувања според Парискиот климатски договор и обнова на заложбите околу тоа до 31 октомври, кога во Лондон започнува конференцијата за климата на ОН.