Официјален Вашингтон соопшти синоќа дека ја следи состојбата околу Шуаи и оти досега до американските власти не стигнале сознанија што би можеле да ја ублажат загриженоста поврзана со безбедноста на една од најпопуларните кинески спортски.
Кина вчера соопшти дека се противи на „политизирање на спортот“, откако ВТА ги суспендираше сите свои планирани турнири за 2022 година на кинеска територија.
Каде се наоѓа тенисерката Шуаи се наметна како прашање во меѓународната јавност, откако пред речиси еден месец тенисерката исчезна по објавата дека поранешен висок функционер на Комунистичката партија на Кина ја присилувал на сексуален однос.
Шуаи на 21 ноември одржа видеоразговор со претседателот на МОК, Томас Бах, но женското тениско здружение (ВТА) објави вчера дека ги суспендира сите тениски турнири во Кина.
– Не гледам како можам да барам од нашите спортисти да се натпреваруваат таму, кога Пенг Шуаи не смее слободно да комуницира со светот и се чини дека била под притисок да ги негира своите наводи за сексуално злоставување, изјави извршниот директор на ВТА Стив Сајмон.
Одлуката за суспензија на ВТА турнирите во Кина ја поддржаа бројни тениски ѕвезди, вклучувајќи ги Новак Ѓоковиќ, Мартина Навратилова, Крис Еверт, Енди Родик и многу други.