Најавата доаѓа во момент кога администрацијата на Џо Бајден се соочува со притисок од активисти да ја зголеми понудата на вакцини за посиромашните земји.
-Инвестицијата во производството на вакцини е дел од приватно-јавното партнерство за да се задоволат потребите од вакцини и локално и ширум светот, а исто така е подготовка за идни пандемии, изјавија за „Њујорк Тајмс“ д-р Дејвид Кеслер, кој ја надгледува дистрибуцијата на вакцините и Џеф Зиентс, кој ги координира активностите на Белата куќа во врска со коронавирусот.
Се проценува дека овој план ќе чини неколку милијарди долари и ќе биде платен со средства од американскиот План за спасување, кој Бајден го потпиша во март.