– Одлуката е диктирана од безбедносните проблеми во Авганистан. САД ќе соработуваат со талибанците доколку ги почитуваат обврските што ги презеле, рече американскиот државен секретар.
– Секоја наша акција ќе биде одредена не од она што го вели талибанската влада, туку она што го прави за да ги исполни своите обврски, истакна Блинкен, додавајќи дека новите лидери на Авганистан ќе треба да ја заслужат својата легитимност и поддршка од меѓународната заедница ..
– САД ќе продолжат со напорите да им помогнат на американските граѓани кои сакаат да го напуштат Авганистан по повлекувањето на американските сили од Централна Азија, рече Блинкен.
Се проценува дека се уште има околу 300 Американци во Авганистан.