Во рамките на иницијативата за зачувување на културното наследство на Украина, при американското Биро за образование и култура, САД најавија седум милиони долари помош за поддршка на напорите на Украина да го заштити своето културно наследство.
– Иницијативата дава предност на местата и збирките значајни за културното наследство на Украина директно загрозени од бруталната војна на Русија во Украина. Ќе се поддржат активности како документација на оштетените локации и збирки за повикување на одговорност, заштита од оштетување или кражба, стабилизација на оштетените локации, развој и имплементација на планови за конзервација и реставрација, координација за одговор во однос на културното наследство и специјалистички тренинзи, се вели во соопштенито од американскиот Стејт департмент.
Се додава дека оваа иницијативата е создадена за поддршка на напорите на Украина да го заштити своето културно наследство и да ја поправи штетата врз местата и збирките оштетени или уништени од војната, но и за проширување и зацврстување на јавно-приватните партнерства со граѓанскиот сектор на Украина.
Иницијативата е дел од пошироките глобални напори на САД да се заштити културното наследство.
Конкретно иницијативата за Украина се надоврзува на претходната помош на САД дадена на Киев преку амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследтво (АФЦП).