Првата одлука за рестрикции на почетокот на 2020 година ја воведе поранешниот претседател Трамп, но подоцна оваа мерка и одлука ја продолжи и актуелниот претседател на САД, Бајден. Одлуката на почетокот беше остро критикувана од американските граѓани.
Во февруари лани, Трамп воведе ограничувања за патниците од Кина, во март на ред дојдоа и европските земји од Шенген-зоната, а подоцна и Велика Британија и Ирска. Копнените граници, пак, со Мексико и со Канада беа затворени во најголем дел од почетокот на пандемијата.
Изминатото лето можеше да се патува од САД во Европа, но странците кои живеат во САД и оние кои престојуваат таму со визи, немаа гаранции дека ќе се вратат назад.
Во пресрет на најавеното укинување на оваа одлука, авиокомпаниите го зголемуваат бројот на трансатлантски летови и планираат да користат поголеми авиони.
Од сите странски државјани на возраст над 18 години кои ќе патуваат во САД ќе се бара доказ дека се целосно вакцинирани. Вакцини што се признаваат се оние кои ги има признато и Светската здравствена организација (СЗО) .