Соединетите Американски Држави одобрија потенцијална продажба на уште 8 ловци Ф-16 на Бугарија.

Машините ќе чинат 1,67 милијарди долари, објави Ројтерс, цитирајќи го Министерството за одбрана на САД.

Стејт департментот не прецизираше дали оваа продажба може да го отвори патот за обезбедување на Украина со борбени авиони од советско производство, кои ги има Бугарија, забележува АФП.

Пентагон оценува дека предложениот договор за оваа опрема и поддршката за нејзино воведување и употреба нема да ја сменат основата на воената рамнотежа во регионот.