САД продолжуваат со силната поддршка за храбриот народ на Украина во нивната одбрана на земјата од руската агресија и затоа одобривме уште еден пакет безбедносна помош, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден.

Помошта, во вредност од 150 милиони долари, вклучува многу муниција, радари и друга опрема за Украина.

САД досега имаат обезбедено 3.3 милијарди долари помош во оружје за Украина.