– Не знам кој ги пишува овие неофицијални документи, но кој и да ги пишува, секако е задоволен од прекумерната реакција, изјави Коснет за РТК2, коментирајќи го објавувањето на нон-пејперот за промени на Западен Балкан, пренесува РТЦГ.

Тој изјави и дека Вашингтон е посветен на поддршката за процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина, под закрила на ЕУ.

Коснет рече дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден внимателно ја разгледала работата на претходната американска администрација и заклучила дека „има многу вредни делови“.

.На прашањето дали Вашингтонскиот договор е основа за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина, тој истакна дека администрацијата на Бајден го прифатила договорот, но дека тоа не значи дека документот е единствената скица за разговори.

Тој прецизираше дека има „политички елементи за кои не се разговарало во Вашингтонскиот договор, кој беше постигнат меѓу Србија и Косово со посредство на тогашниот претседател Доналд Трамп.