– Тоа е нешто за што размислуваме, рече Бајден одговарајќи на новинарско прашање дали се размислува за дипломатски бојкот на ОИ во Пекинг.
Дипломатски бојкот би значел дека делегација на американски официјални претставници нема да присуствува на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари.
Владите обично испраќаат високи делегации на дипломати на церемониите на отворање како поддршка на спортистите учесници од целиот свет, а Зимските олимписки игри во 2022 година треба да се одржат од 4 до 20 февруари.