Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека руските бродови не се добредојдени во САД.

Бајден најави дека, по Европската Унија, и Вашингтон ќе им забрани на сите руски бродови да пристапуваат во американските пристаништа.

Ова се однесува на сите бродови што пловат под руско знаме, се во сопственост на Русија или се управувани од руски субјекти.