Американскиот Стејт департмент порача во четвртокот дека и властите во Приштина и оние во Белград мораат да преземат моментални чекори за деескалација на тензиите, меѓу кои треба да биде и безусловното пуштање на слобода на тројцата косовски полицајци кои се во притвор откако српските власти објавија дека под целосно вооружување биле заробени на територијата на централна Србија.
„Веруваме дека и Косово и Србија мора да преземат моментални чекори за да ги деескалираат тензиите“, изјави на брифингто за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Притворањето на тројцата косовски полицајци во средата вечерта е последниот во низата настани кои ги зајакна тензиите меѓу албанските власти во Приштина и српските власти, зголемувајќи ги стравувањата од ново насилство меѓу двете страни кои порано војуваа а сега меѓусебно се обвинуваат за тенденции да се разгори вооружен судир.
Србија објави дека тројцата косовски полицајци со целосно вооружување и опрема за комуникации и електронско лоцирање биле заробени длабоко на нејзината територија, додека Приштина вели дека биле заробени 300 метри во косовската територија.
Заробувањето на косовските полицајци доаѓа по протестите од крајот на мај откако мнозинските локални Срби на северот на поранешната српска јужна покраина се спротиставија на обидот на владата на косовскиот премиер Албин Курти да ги постави градоначланиците во четирите доминатно српски општини инаку етнички Албанци по локалните избори кои ги бојкотираше тамошното српско население и излезноста беше само 3,4 отсто.
Косовската влада во средата забрани влегување на српски стоки како одговор на заробувањето на полицајците, со што без продукти може да остане населението во северните општини, што владата на Србија го оцени како целосно спротивни на „сите еврпски принципи“.