Бројот на починати од последици од коронавирус во САД надмина еден милион, покажуваат податоците на интернет-страницата „Ворлдометерс“ (Worldometers).
Повеќе од еден милион луѓе починале 27 месеци откако во САД беше потврден првиот случај на Ковид-19.
По САД, најмногу починати од последици од Ковид-19 има Бразил – повеќе од 600.000 лица. Третото место го зазема Индија со повеќе од половина милион смртни слкучаи.