Праќаме остра осуда за неколкуте терористички напади неделава во Саудиска Арабија извршени од Хутите, вклучувајќи го денешниот удар врз постројките на нафтената компанија Арамко во Џеда, а тоа е цивилна инфраструктура, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент.
-Во време кога страните треба да бидат фокусирани на деескалација и обезбедување животно важна помош за народот во Јемен во пресрет на светиот месец Рамадан, Хутите продолжуваат со нивното деструктивно однесување и безрасудните терористички напади со удари врз цивилна инфраструктура, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
Тој додаде дека САД ќе продолжат да работат со саудиските партнери за зацврстување на нивната одбрана и ќе се бара траен прекин на конфликтот, подобрување на животот и создавање простор за Јеменците да ја одредат својата иднина заеднички.