Станува збор за вработените на болницата „ЈуМас Меморијал хелт“ во Бостон, која на персоналот му дала рок до 1 ноември целосно да се вакцинира против Ковид-19.

Раководството на болницата соопшти дека чекало уште еден месец и оти на крајот ги раскинало договорите со персоналот кој не е вакциниран.

– Вакцинирани се 98 проценти од персоналот на болницата, а со тие 2 проценти кои пружија отпор ја раскинавме соработката, се наведува во соопштението.

Се наведува дека приоритет на болницата е заштитата на персоналот и пациентите и оти отпуштањето на невакцинираните работници е единствената опција.

Во таа бостонска болница работат околу 15.000 луѓе.