Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги обвини Соединетите Американски Држави за неуспехот на привремениот договор со Техеран. И покрај таквиот развој на настаните, тој порача дека е неопходно да се направи нов обид за негово официјално склучување.
Во своето обраќање Пезешкијан упати остри критики кон американската страна, коментирајќи го текот на досегашниот дијалог.
„Водевме преговори, а кукавиците (Американците) сè уништија… Сè уште мислам дека треба да седнеме и да го финализираме“, вели Пезешкијан.
Тој не прецизираше какви конкретни чекори ќе преземе Иран за обновување на разговорите во наредниот период. Сепак, шефот на иранската држава нагласи дека дипломатските напори за постигнување конечен договор треба да продолжат без оглед на неуспехот на претходните преговарачки процеси.
